ВИДЕО | Георгиев: Ме радува фактот дека се повеќе луѓе појавуваат интерес за кикбоксот

Викендов имавме кик бокс турнир „Балкан бест фајтерс“ во Јагодина. Нашите кикбосерите од македонските клубови освоија 29 медали (9 златни, 5 сребрени и 15 бронзени). Нашиот ас Димитар Георгиев во финалето до 86 килограми во лоу кик против Милош Јанковиќ од Србија извојува победа на поени.

-Како и во сите спортови и во кикбоксот овој период не се случува ништо посебно. Мора само да тренираме и да се надеваме што е можно побрзо да заврши пандемијата, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ кикбоксерот Георгиев и додаде дека е добро што во Македонија има многу јуниори кадети.

-Перцепцијата се менува и ме радува што и се повеќе девојки се занимаваат со овој спорт, вели Георгиев.

-Боречките спортови во светот растат. Имаме многу интересни борби, луѓето се повеќе го гледаат кикбоксот. Сметам дека треба многу подобро да работиме на маркетингот. Имаме клубови во секој град. Имаме спортисти кои редовно се натпреваруваат. Постојат планови со федерацијата каде ќе се афирмираат спортистите, а и онакви натпревари каде борците и финасиски ќе се помогнат, вели Георгиев.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот