ВИДЕО | Генерал потполковник Стојановски: За политиката не смее да има простор во Армијата – таа мора да има единствен пристап во решавањето на проблемите

Јас сум свесен и знам дека дел од припадниците на безбедносните служби избегнуваат да разговараат на оваа тема. За да се разјаснат одредени проблеми и да не зборуваме за афери на граѓаните треба да им биде јасно каква е постапката и што значи изборот на припадници на одредени институции за работа во странство. Во законот за класифицирани информации во една од одредбите стои дека безбедноста на класифицирани информации подразбира збир на мерки и постапки кои се потребни да се преземат, физички и правни лица да не бидат во можност да имаат пристап и да располагаат со класифицирани информации. Безбедносниот сертификат е документ со кој се добива дозвола да се располага со класифицираните информации. Во нашата држава постојат неколку степени. Тоа има 4 ниво – класифицирани информации со карактер: интерно, доверливо, строго доверливо и државна тајна. Значи тоа се четирите нивоа, изјави во Утрински брифинг генерал потполковник Мирослав Стојановски.

Секоја институција согласно законот има систематизација на работните места, а во армијата постои формација. Потребата да се има сертификат не стои во актот на систематизација туку во описот на работните задачи.

-Во конкретниот случај, со интерен конкурс е баран интерес за вработување во военото претставништво на НАТО во Брисел. Се појавуваат кандидати кои треба да исполнат критериуми. Откако ќе се заврши постапката и Комисијата испита она што може да испита, значи исполнување на критериумите од огласот, а не и безбедносна проверка, се прави спиок на кандидати кои ги исполнуваат општите и посебните услови за заминување во мисија. Тој список се доставува до претседателот, но како и за амбасадорите додека не добиете агреман односно потврда од државата, во овој случај институцијата дека тоа лице ги исполнува условите за работа во таа институција не може да се изврши избор на лице за упатување. Кога зборуваме за кандидатот за упатување во Брисел, полковникот поседуваше сертификат национален – државна тајна и НАТО сертификат строго доверливо. Значи тој тоа го поседуваше. Прашање е што се случило минативе месеци за она што го има добивано претходно сега да не важи. Имаше тука преписка помеѓу него и поранешниот заменик министер за одбрана, Емил Димитриев, во која тој реално и точно ги изложи сите оние аргументи кои одат во одбрана на неговата позиција, рече Стојановски.

Целиот разговор со генерал потполковник Стојановски погледнете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот