ВИДЕО | Фронтменот на „Колдплеј“, Крис Мартин, пропадна во дупка на бината за време на концертот
Фронтменот на „Колдплеј“, Крис Мартин, настапуваше на четвртото и последно шоу на бендот во Мелбурн на нивната турнеја „Music of the Spheres“ кога се сопна и падна на сцената на стадионот „Марвел“.
Препорачано
Мартин читал натпис кој го држеле луѓето од публиката и се движел наназад на пауза на настапот, а поради невнимание неочекувано паднал во дупка, а публиката во најмала рака била шокирана.
Thank god Chris Martin from @coldplay is okay after he fell through the trap door on the stage ? #ColdplayMelbourne #MusicOfTheSpheres
? – @CovidPete pic.twitter.com/CfisyZCrh6
— JAKE FLAGPIES23 ??? (@IncrediblyBozza) November 3, 2024
По падот, пејачот ги уверуваше обожавателите дека паѓањето низ сцената не било планирано и дека тоа не е дел од неговиот настап.
На видеото објавено на социјалните мрежи, присутните на концертот се слушаат како извикуваат во шок откако тој паднал низ отворот.
Потоа, тој му се заблагодари на продуцентскиот тим кој беше таму велејќи:
„Фала ви што ме фативте“.
Фронтменот на „Колдплеј“ набрзо по случката го продолжи својот настап.


