ВИДЕО+ФОТО: Бодибилдер се ожени со секс кукла – Се запознале во бар, а после 8 месеци „врска“ ја запросил

Instagram

Откако венчавката е одложена два пати оваа година, „заљубените“ вереници конечно станаа маж и жена… Бодибилдерот од Казахстан конечно се ожени со својата сакана секс кукла, откако ја запроси во декември 2019 година.

Јуриј Толочко силиконската госпоѓица ја запроси минатата година, но нивната венчавка во март беше одложена поради пандемијата на коронавирусот.

Потоа дошло до уште едно поместување на церемонијата, откако Толочко беше нападнат на трансродов собир во октомври, но на крајот тие сепак станаа маж и жена.

Минатата година локалните медиуми пренесоа дека Толочко ја запросил Марго по осум месеци врска.Тој изјави дека и покрај нивната „кавга“, тој ја платил нејзината пластична операција бидејќи таа имала „комплекси“ и дека ја однел на клиника.

Instagram
Instagram

Толочко изјави дека Марго се чувствувала многу „самокритично“ кога тој ја објавил нивната врска.

„Имаше многу критики која ја претставив пред светот, па започна да чувствува комплекси поради кои се одлучивме да оди на пластична операција. Промени многу нешта. Тоа е вистинска клиника со вистински доктори“, нагласи тој.

Тоа што е побизарно во целата приказна е што Толочко тврди дека Марго работи како келнерка во локалниот паб.

Instagram
Instagram

„Не може сама да оди, потребна ѝ е помош. Не знае да готви, но ја обожава грузиската кујна. Марго кажува пцовки, но сепак е нежна душа“, објасни бодибилдерот.

Тој откри дека се запознале во бар, кога еден друг маж ѝ се нафрлал, а тој „скокнал да ја заштити“.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот