ВИДЕО: Фиорентина го шокира Јуве среде Торино
Актуелниот шампион во Серија А, Јувентус го доживеа првиот пораз оваа сезона откако на домашен терен е поразен од Фиорентина со 0:3.
Екипата на Јувентус која сезонава покажа доста слабости во играта но сепак успеваше да освојува бодови, овој пат не успеа да се спаси од екипата која е во долниот дел од табелата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Фиорентина поведе уште во третатат минута кога Франк Рибери ја „изработи“ одбраната на Јувентус и му асистираше на Душан Влаховиќ на кого не му беше тешко да донесе водство за својот тим.
Маките на „старата дама“ се зголемија во 18. миниута кога Хуан Квадрадо доби директен црвен картон. „Виолетовите“ трите бода ги обезбедија во второто полувреме кога прво Алекс Сандро во 76. минута си постигна автогол, а пет минути подоцна поранешниот играч на Јувентус, Паредес го постави конечниот резултат.
Фиорентина со оваа победа избега од зоната на испаѓање и сега се наоѓа на 15. место со 14 бода, додека Јувентус остана на четвртото место со 24 бода или седум помалку од лидерот Милан.


