ВИДЕО: Филмските критичари го прогласија „Nomadland“ за најдобар филм во 2020 година

Фото: Профимедиа

Престижното американско Национално здружение на филмски критичари ја прогласи драмата „Nomadland“ на режисерката Клое Зао за најдобар филм во 2020 година.

„Nomadland“ според изборот на Националното здружение на филмските критичари освои награда за најдобра режија, која ја потпишува Клое Зао, како и награда за најдобра женска улога, која ја толкуваше Франсес Мекдорманд.

63-годишната Мекдорманд ја глуми жената која губи се во големата криза во 2008 година, ги пакува работите што и преостанале и со својот автомобил заминува и одлучува да живее номадски живот, возејки се ни американскиот запад по економскиот крах на малиот град.

Драмата е оценета како одлична од многу филмски експерти. Погледнете го трејлерот, а топло ви препорачуваме да го погледнете и филмот…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот