ВИДЕО: Феникс се израмни со Голден Стејт на врвот во Западната конференција

Феникс има 23 победи како и Голден стејт на Западот во НБА лигата/Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Кошаркарите на Феникс во изминатата ноќ во НБА лигата го победија Вашингтон со 118:98 и моментно се израмнето со водечкиот Голден стејт вориорс по бројот на победи и порази во Западната конференција.

Феникс од 27 октомври во 24 натпревари забележа 22 победи. Кај Санси осум играчи имаа двоцифрен учинок, најефикасен беше Џавал Мекги со 17 поени (осум скокови). А за Визардси Бредли Бил беше најрасположен со 26 поени.

Бруклин дојде до четвртиот триумф по ред, го совлада Хјустон со 114:106. Нетси беа предводени од Кевин Дурент со 24 поени, 11 скокови и осум асистенции.

Воедно Бруклин играше без седум играчи кои се во здравствениот протокол на НБА лигата, помеѓу кои и Џејмс Харден и Ламаркус Олдриџ. Кај Сиксерси доминираше Џоел Ембид со 32 поени, девет скокови и шест асистенции.

НБА лига, резултати –

Индијана пејсерс – Детроит пистонс 122:113
Бруклин нетс – Филаделфија сиксерс 114:105
Торонто репторс – Чикаго булс (одложено)
Хјустон рокетс – Њујорк никс 103:116
Феникс санс – Вашингтон визардс 118:98

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот