ВИДЕО: Евроголови го одбележаа првиот меч меѓу Реал и Сити, финалистот се решава во Манчестер

фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ ремизираа екипите на Реал Мадрид и Манчестер сити со резултат 1:1.

По првото полувреме водеа „кралевите“ со прекрасниот погодок на Винисиус Жуниор во 36 минута по асистенцијата на Камавинга.

„Граѓаните“ одговорија во вториот дел, поточно во 67 минута преку Кевин Де Брујне кој исто така реализираше убав гол, асистент беше Гундоган.

Реваншот на стадионот „Етихад“ во Манчестер ќе се игра на 17 мај.

В среда е закажан првиот меч од второто полуфинале во италијанската пресметка помеѓу Милан и Интер (21.00 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот