Валон Етеми сезонава покажува одлични партии во дресот на Истанбулспор/Фото: facebook.com/valon.etemi

ВИДЕО: Етеми реди голови во Турција, го води Истанбулспор кон елитата

Во рамките од 32 коло во втората турска лига составот на Истанбулспор со 3:1 на домашен терен го совлада Бурсаспор.

Иако гостите водеа од седмата минута, домаќините направија целосен пресврт во кој придонес имаше и македонскиот репрезентативец Валон Етеми.

Нашиот 24-годишен играч во 68 минута после асистенцијата на Кабасакал стрелаше за водство од 2:1.

За Етеми ова е шести гол сезонава во шампионатот од досега вкупно 29 настапи.

Моментно во генералниот пласман Истанбулспор е на четвртото место со 54 бодови, зад водечките Анкарагучу (60), Умранијеспор (57) и Бандирмаспор (55). Во следното коло на 19 април составот на Истанбулспор ќе му гостува на Денизлиспор.

Голот на Етеми можете да го погледнете на 01:29 мин. од видео записот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот