Фото: Скриншот/Инстаграм

ВИДЕО | Енрике Иглесијас со бебето Ромео ги разнежни фановите, ќерките „го режирале“ семејното видео

Енрике Иглесијас и неговата долгогодишна партнерка Ана Курникова на 17 декември го добија своето четврто дете, синот Ромео, а неодамна со обожавателите споделија и емотивно семејно видео.

Парот е заедно од 2001 година и веќе ги има децата Луси, Николас и Мери, а својот приватен живот најчесто го држат далеку од очите на јавноста.

Во видеото објавено на Инстаграм, 50-годишниот пејач се игра со малиот Ромео во дворот. Во описот на објавата, Иглесијас откри дека видеото го „режирале Луси и Мери“, неговите ќерки, кои очигледно ја воделе главната улога за време на снимањето.

Објавата брзо ги разнежни следбениците, а во коментарите се редеа честитки и позитивни реакции. Курникова остави неколку емотикони со срца, додека дел од фановите напишаа: „Значи, уште не оди, а веќе има супермоќи, тоа се гените на Иглесијас“, а други на шега додадоа: „За секој случај, ниту едно бебе не е повредено за време на снимањето“. Многумина порачаа и: „Преслатко! Прекрасно видео, благодарам што го споделивте!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот