Фото: EPA/ADAM VAUGHAN

ВИДЕО | Енди Робертсон емотивно го најави своето заминување од „Енфилд“

Шкотскиот фудбалер Енди Робертсон (32) потврди дека ќе го напушти Ливерпул на крајот од тековната сезона, кога ќе му истече договорот со англискиот гигант. Робертсон ги помина последните девет години на „Енфилд“ и беше еден од клучните играчи на Ливерпул во ерата полна со трофеи.

Шкотскиот интернационалец има одиграно 373 натпревари за „Црвените“, со кои освои две титули во Премиер лигата, по една во Лигата на шампионите, Европскиот Суперкуп, Светското клупско првенство, ФА купот и во Комјунити Шилд, и уште две во Лига купот.

– Никогаш не е лесно да се напушти клуб како Ливерпул. Тоа е огромен дел од мојот живот и животот на моето семејство во последните девет години. Имав можност да заминам и претходно, но не можев поради тоа колку многу ми значи овој клуб. Сепак, фудбалот продолжува, тимовите се менуваат и чувствувам дека сега е вистинското време да го направам следниот чекор во мојата кариера – рече Робертсон.

Шкотланѓанецот нагласи дека секогаш ќе го памети периодот поминат на „Енфилд“.

– Ќе се осврнам на сите овие години со неверојатни спомени. Ги дадов срцето и душата на овој клуб и немам за што да жалам. Созреав тука како играч и како личност. Овој клуб и навивачите засекогаш ќе ми значат сè. Ова беше неверојатно патување – се зборовите на Робертсон.

Останува да се види каде Робертсон ќе ја продолжи својата кариера, а како можни дестинации се споменуваат Тотенхем, Јувентус, Атлетико Мадрид и Наполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот