ВИДЕО | Емоции на сите страни, публиката занеме: Филип Живоиновиќ страсно ја бакна Александра Пријовиќ среде коцерт
Српската фолк пејачка Александра Пријовиќ синоќа настапи во Белград, за реприза на Новата година.
Препорачано
Пријовиќ носела тесен, темен костум, додека светквите риги блескале на палтото со големо деколте. Таа ги нижела своите големи хитови, а во еден момент го прекинала пеењето.
Имено, додека ја изведувала песната „Девет животи“, ѝ пришол сопругот Филип Живоиновиќ и ја бакнал пред сите.
Потоа, Прија продолжила да пее и не ја симнала насмевката од лицето.
@live.nastupiAleksandra Prijovic x Filip Zivojinovic – Devet zivota live at Sava Centar 01.01.2024.♬ original sound – Live nastupi
Александра може да се пофали со исклучително плодна година на деловно поле. Таа наполни пет загрепски Арени, три белградски арени, ги полнеше салите во речиси целиот регион.
– Минатата година ми беше најубава кога е во прашање кариерата. Сакам во оваа година моето семејство да биде здраво, тоа е најважно. Сонував дека сето тоа ми се случува на деловен план, но би била среќна и ако имав по еден концерт во секој град – рекла Прија.
Прија во измантиов период направи драстична промена на имиџот. Својата долга коса ја скрати во паж фризура.
– Ја променив фризурата затоа што си ја уништив косата – низ смеење раскажала Прија.
„Фризерката ме советуваше да ја скратам косата, мене ми е супер вака“, додала пејачката.
ФОТО | Лепа Брена ужива на геј свадба! Венчавката на Србин и Хрват била во Палма де Мајорка
КРИЕЛА ОД ЛЕПА БРЕНА: Неверство и драма во семејството Живојиновиќ


