ВИДЕО | Ем Германец, ем наш – Финн учи македонски и шутира како Елмас Фото: Драган Митрески/Слободен печат

ВИДЕО | Ем Германец ем наш — Фин учи македонски и шутира како Елмас

Овој пат вежбавме на терен, игравме по малку серва и си направивме муабет со најпознатиот Германец во Македонија – Фин Ватхов, кој веќе неколку години живее во Скопје, а Македонија ја нарекува свој дом.

Како Фин го знае македонскиот јазик толку добро? Дури и неговите гестикулации сè повеќе наликуваат на нашите.

А неговата приказна? Таа е мошне едноставна, но и чудна за многумина. Случајно нашол евтин лет од Хамбург и дошол во Македонија. Денес одлично го зборува македонскиот јазик и е голем навивач на нашата репрезентација.

Но, дали е исто толку добар и во играта со топка? Ќе успее ли да шутира како Елмас или ќе остане само на „леле бе“?

Погледнете во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот