ВИДЕО: Елмас во Топ 5 најдобри голови на Наполи за 2022 година

фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Наполи има одлична сезона во италијанската Серија А и моментно е на првото место на табелата по 15 кола со 41 бод, пред второпласираниот Милан кој има 33.

До сега сезонава во шампионатот Елиф Елмас за „наполитанците“ запиша три гола и една асистенција во 14 настапи.

Македонскиот репрезентативец доби признание од клубот, наоѓајќи се во изборот на петте најдобри гола на клубот оваа година.

Неговиот погодок беше реализиран на 12 ноември во домашниот триумф од 3:2 против Удинезе на Илија Несторовски.

Покрај нашиот фудбалски „дијамант“ во изборот се наоѓаат и Кварацхелија, Симеоне, Осимен и Зиелински.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот