ВИДЕО: Експлодира деловна зграда во Бангладеш, најмалку 15 загинати и над 200 повредени

Фото: ТРТ

Најмалку 15 луѓе загинаа денеска, а 200 се повредени по експлозија во деловна зграда во главниот град на Бангладеш, Дака, соопштија претставници на службата за противпожарна заштита.

Експлозијата се случила во петкатница во близина на централната област Гулистан во градот со над 10 милиони жители.

Според Дин Мони Шарма, официјален претставник на службата за противпожарна заштита и службата за цивилна одбрана, се уште не се познати причините за експлозијата. Според полицијата, нема првични индиции за терористички напад.

„Повредените во експлозијата се пренесени на лекување во блиската болница во Медицинскиот колеџ во Дака“, изјави началникот на болницата, Назмул Хаке.

Експлозијата предизвикала штета и на неколку соседни згради. Најмалку 11 пожарникарски тимови работат на местото на експлозијата во прометната област во Дака, соопштија надлежните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот