ВИДЕО: Египет нов четвртфиналист во Африканскиот куп на нации

Мохамед Салах е најголемата ѕвезда во египетската репрезентација/Дуала, Камерун/26 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/Gavin Barker

Египетските фудбалери вечерва се пласираа во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации, откако по изведувањето пенали ја совладаа селекцијата на Брегот на Слоновата Коска со 5:4.

По 120 минути мируваа мрежите на двете страни (0:0). Херој на „фараоните“ е голманот Мохамед Абу Габал кој во третата серија го запре ударот на Ерик Баи.

Габал го замени повредениот Ел Шенави, кој беше прва голманска опција, во финишот на регуларниот дел.

Сите играчи на Египет беа прецизни од 11 метри, помеѓу кои и најголемата ѕвезда, членот на Ливерпул, Мохамед Салах.

Египет во четвртфиналето ќе игра со Мароко кој претходно славеше над репрезентацијата на Малави. Познати се уште две четвртфинални средби, Гамбија ќе се сретне со Камерун, а Буркина Фасо ќе се соочи со Тунис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот