Фото: Промо

ВИДЕО | Џокси, Дац и Александар објавија нова верзија на песната „На Велигден сум се заљубил“

Џина Папас Џокси и македонското дуо Драган Спасов Дац и Александар Митевски ја претставија новата верзија на легендарната песна „На Велигден сум се заљубил“.

Оваа преработка доаѓа како музичка честитка за Велигденските празници, носејќи свежа енергија и современ звук, а притоа задржувајќи ја препознатливата емоција на оригиналот. Проектот е реализиран со многу внимание и љубов од креативниот тим, со цел песната повторно да допре до публиката – и кај постарите генерации, но и кај младата публика.

Идејата за соработка меѓу овие тројца уметници постоела со години, а токму овој празничен период бил вистинскиот момент таа да се реализира.

Фото: Промо

Во новата верзија, вокалите ги изведуваат Џокси, Александар и Дац, додека продукцијата ја потпишува Александар Митевски. Дополнителната строфа е дело на Огнен Неделковски, со што песната добива нова димензија, но останува верна на својата оригинална емоција.

Оригиналната композиција „На Велигден (На Велигден сум се заљубил)“ датира од 1991 година и претставува авторско дело на Џина Папас Џокси, кој ги потпишува и музиката и текстот. Аранжманот на оригиналната верзија е на Тоше Поп Симонов.

Фото: Промо

Промоцијата на новата верзија ќе кулминира вечерва на настанот „Градски приказни“, во Трибека парк, каде Џокси ќе настапи како специјален гостин заедно со Дац и Александар. Публиката ќе има можност во живо да ја слушне оваа изведба, која веќе предизвикува голем интерес.

Фото: Промо

Новата верзија претставува спој на традицијата и современиот музички израз, со јасна порака – љубовта и музиката остануваат вечни вредности, особено во предвечерието на големиот христијански празник Велигден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот