Огромна статуа на Исус Христос на сириско-либанската граница во област која била бомбардирана од Исламската држава/Фото: Фејсбук

ВИДЕО | Џиновска статуа на Исус Христос е поставена на сириско-либанската граница

Огромна статуа на Исус Христос е подигната пред неколку дена на сириско-либанската граница, објавија сириските медиуми.

Статуата висока 26 метри е поставена на таканаречената Планина на крстот кај селото Ал Каа, така што „гледа“ кон долината Бекаа, која беше бомбардирана од Исламската држава во 2016 година.

Како што објави локалната општина, статуата е изградена со донација од жителот Фади Елиас Авад, за да служи како симбол на верата и отпорноста во регионот кој многу страдал.

„Таму каде што некогаш имаше страв и крв, сега има симбол на љубов и надеж“, се вели во соопштението на либанската општина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот