Ештон Качер, Џесика Симпсон - Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | Џесика Симпсон откри како изреагирал Ештон Кучер кога му признала дека е девица: „Никогаш нема да го заборавам тој момент“

Џесика Симпсон откри невообичаена и непријатна ситуација од снимањето на серијата „Луди седумдесетти“, кога му признала на Ештон Кyчер дека сè уште е девица. Имено, во едно недамнешно интервју пејачката се навратита на своите први телевизиски појавувања, а особено на гостувањето во популарната серија во 2002 година, кога имала 22 години., пренесува „ЕЊуз“.

Тогаш Симпсон ја играше Анет Беркарт, симпатијата на Мајкл Келс, кој го толкуваше Ештон.

„Снимав сцена со Ештон и му реков дека не можеме да ја изведеме затоа што јас сè уште сум девица“, изјави Симпсон.

Како што објасни, таа реченица не се однесувала само на ликот што го глуми, туку и на неа лично.

„Никогаш нема да го заборавам моментот кога му кажав дека сум девица во реалниот живот. Само ме погледна и ме праша – Зошто? Му објаснив дека го чекам мојот иден сопруг. Не се оптоварував со туѓи сексуални животи, но секогаш бев отворена – со скрстени нозе, но отворена“, вели таа.

Симпсон претходно зборуваше и за своето прво сексуално искуство.

„Мојата девственост беше нешто зад што цврсто стоев. Не беше секогаш лесно, но го почитував сопствениот избор“, додаде пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот