ВИДЕО | Џејсон Бејтмaн го нарекоа „одвратен“ поради непријатните прашања, откако Чарли изјави дека не сака да има деца
Глумецот и водител на поткастот „SmartLess“, Џејсон Бејтмaн, се осврна на бурните реакции од јавноста откако во една епизода зборуваше со пејачката Чарли за нејзината одлука да нема деца. Тогаш ѝ сугерирал дека „може да се предомисли“, па на интернет многумина го нарекоа „одвратен“ и го обвинија дека врши притисок околу мајчинството.
Препорачано
„Интересно е да се слушнат реакциите“
Во разговор за „Холивуд репортер“, Бејтмaн рече дека прашањето му дошло природно во контекст на муабетот.
„Имавме одличен разговор за тоа како растела како единка. Прашањето ми беше логично продолжение на темата. Тоа е сè“, изјави тој.
Додаде дека, без разлика дали луѓето се согласуваат со него или не, секогаш му е интересно да ги слушне нивните реакции.
„Немам многу повеќе да додадам, освен дека секогаш е вредно и поучно да се слушнат размислувањата и чувствата на луѓето за нешто што сум го кажал или направил“, рече актерот, и додаде дека тие зборувале за омилените активности во домот.
Што ги налутило гледачите?
Непријатниот момент започнал кога Чарли јасно кажала дека не сака деца, а Бејтмaн неколкупати го враќал разговорот во правец „ќе се предомислиш“. Во еден момент ѝ рекол дека можеби ќе „најде некој“ што ќе ѝ го смени мислењето, иако таа веќе е во брак со Џорџ Даниел од бендот Д 1975, податок што Бејтмaн не го знаел.
Чарли појасни дека можеби некогаш ќе го смени ставот, но дека идејата за деца ѝ делува повеќе како романтична фантазија, ѝ е забавно да смислува имиња, ама токму тоа ѝ е знак дека веројатно не е подготвена.
Бејтмaн даде и личен пример дека неговата сопруга првично не сакала деца, но кога почнале да се гледаат, помислила дека со него би можела да има. Потоа ѝ дофрлил на Чарли: „Можеби ќе најдеш некого“, на што таа му одговорила: „Па, јас сум мажена.“
Тој пробал да се извлече со шега: „Морам да почнам да читам весници. Со следниот сопруг ќе посакаш деца“.
„Зошто општеството постојано ги притиска жените?“
По емитувањето, Бејтмaн се соочил со многу негативни коментари, особено на Редит. Дел од слушателите ја опишале епизодата како „грозна“ и „многу непријатна“. Некои му замерија дека прашањата звучеле агресивно, како да се подразбира дека секоја жена ќе посака деца кога ќе ја „запознае вистинската личност“.
Еден коментар ја сумираше реакцијата: „Зошто општеството постојано врши притисок врз жените да имаат деца?!“.


