ВИДЕО | Дувњак: Во оваа држава ако имате многу пари и добар адвокатски тим, ќе ги најдат сите дупки во законот

Гордана Дувњак/Фото: Слободен печат

Во последно време зачести праксата осудените на затворска казна со скопска адреса и гравитирање кон скопските затвори да бараат преместување кон внатрешноста на земјата и кон затворите од отворен тип, што пак е процедура која подразбира и промена на адресата на живеење пред почетокот на издржување на затворската казна.

– Затворски туризам е повеќе крилатца на новинарите, но на многу добар начин го отсликува тоа што е во праксата. Ваквата пракса започна пред неколку години особено со случајот на Горан Милевски Кичеец. Исто како што тој си искористи една законска можност, додуша прашање е тоа колку е изигрување на законот. Пред издржување на казната да ја смените адресата на живеење. Тоа подразбира обвинетиот да си побара преку МВР промена на местото на живеење, меѓутоа истото тоа го користат и Камчев и Јосифовиќ обвинети во „Империја“, процес кој заврши со признавање вина во еден дел, во кој им беше изречена минимална казна од една година, од кои Камчев веке три ипол месеци има одлежано во куќен притвор, и сега откако требаше да го одлежи остатокот во Шутка тој преку своите адвокати си побара промена на адресата во Охрид. Сега Охридскиот суд е надлежен, но бидејќи тој е повеќе за малолетничка деликвенција, после него надлежен е Струшкиот. Тамошниот затвор е од отворен тип и буквално како што велат нема ни ограда, објаснува Гордана Дувњак, уредничка во Фокус.

Таа изрази стравување дека одлежувањето на затворската казна за овие осудени лица нема да биде ефективна во рамки на затворските келии.

-Доколку овие осудени не го користат правото за одложување на казната може лесно да се случи после две недели кои што се задолжителни додека трае приемот, тие можат да бидат слободни па и да склучат договор со некоја фирма па и да ги видиме на некои шанкови во Струга за што дури и некаков надомест да добиваат за тоа, а само за преспивање да се враќаат назад. Сето ова навидум е законски дозволено, но сепак мора да констатираме дека тоа е изигрување на законот, децидна е Дувњак.

-Иако сето ова според Закон е легално, обвинителката Русковска и самата кажа дека целта е да се полни буџетот. И самата кажа дека ова е и една порака до сите кои не плаќаат даноци. Излегува дека имате многу пари ќе имате еден куп адвокати и обвинители околу вас кои ќе ги најдат сите дупки во законот. Пораката која се испраќа со ова до јавноста е дека колку повеќе крадеш толку повеќе си поуспешен и дека ако успеете да украдете 35 милиони евра нема да ви биде проблем пет да вратите, вели за Утрински брифинг новинарката и уредник на Фокус, Гордана Дувњак.

Како друг интересен момент таа ја наведува и постапката за избор на Уставни судии меѓу кои кандидат е и актуелниот државен јавен обвинител Љупчо Јовевски, по што ќе се отвори битката за неговото место во Обвинтелството.

Целата анализа погледнете ја во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот