ВИДЕО | Дувњак: Потребна е нова реорганизација на судството

Гордана Дувњак / Утрински брифинг

Денеска се одбележува денот на македонското правосудство. Ќе се слави, меѓутоа славењето ќе биде горко со оглед дека минатата недела американската амбасадорка им ја испрати предвремено честитката дека само околу 9 отсто од граѓаните имаат доверба во правосудството.

Во правосудниот поширок систем спаѓаат и адвокатите и нотарите, но судството е последната алка но се покажува дека дефектен ни е целиот систем. Долго време правосудството не беше самокритични и вината ја бараше кај другите, кај медиумите, кај граѓаните.

Сепак резултатите сега се поразителни. Остануваат голем број нерешени предмети и кога зборуваме за судството не смееме да зборуваме изолирано и за жал 30 години правиме реформи, а јавноста има впечаток дека се уште сме на почеток.

Некако не ни појде од рака ни со ветингот се остана некако на сакани и на најави. 25 години се зборува за нова реорганизација на судството. Целиот товар се става на двата скопски судови а има судови низ државата кои немаат што да прават.

Наместо да се направи една поефикасна судска мрежа со голем број одделенија, изминатиот период се фрлени многу пари, се отвораа судови и онаму каде немаше можеби потреба од тоа за да се задоволат нечии барања, ние се доведовме до оваа ситуација која создава една многу лоша слика, вели за Утрински брифинг новинарот и уредник на Фокус, Гордана Дувњак.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот