ВИДЕО | Дувњак: Однесувањето на Русија не може да пројде правно неказнето

Гордана Дувњак / Утрински брифинг
Гордана Дувњак / Утрински брифинг

За една недела се случија многу работи, многу брзо, а меѓу нив и тоа дека меѓународниот СУД во Хаг изврши сослушување на двете страни и за чудо на овој суд, а претпоставувам и под притисок, беше организирано сослучување на кое разбирливо се појави замо украинската страна што пак зборува за еден однос на игнорирање и покрај тоа што тоа беше можност руската страна да ја каже својата страна дека во источниот дел на Украина се спроведува геноцид врз проруското население, вели Гордана Дувњак во рубриката Има ли правда во Утрински брифинг.

-Овие процедурални постапки се многу важни, Меѓународниот суд на правдата е формиран од ОН а Русија учествуваше и при изборот на судиите на овој суд. Следната адреса ќе биде ООН. Очекувано сето ова добро и доаѓа на украинската страна за да го билда досието кое ќе остави трага во историјата но ќе го користи и како адут во преговарањето. На Украина кривичната постапка би можело да биде и почетна точка и за други тужби меѓу кои и за барање на покривање на штети и репарации, вели таа.

Некако во сенка на сето ова што се случува во Украина поминуваат работите во делот на правдата во Македонија.

-Во апелациониот суд имаше една седница на која беа сослушани страите, а се однесува на случајот на СЈО за масиовните прислучувања. Со оглед на тоа што станува збор за комплициран предмет ќе треба да почекаме додека да ја слушнеме одлуката. Одбраната бара предметот да биде ставен на повторно одлучување, второто сценарие е да се бара намалување на казните. Зошто се бара да се купи време во случајот со Мијалков е тоа што ова дело за него застарува во 2025 година. Станува збор за многу важни кривични дела кои секоја власт може да ги направи, вели за Утрински брифинг новинарката и уредник на Фокус, Гордана Дувњак.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот