ВИДЕО | Дувњак: Мора да се постави прашањето за Уставниот суд, неговата организираност и поставеност

Гордана Дувњак / Утрински брифинг
Гордана Дувњак / Утрински брифинг

Добро е што се одблокира Комисијата за избори и именување. Собранието три дена водеше расправа за да го разреши Зендели. Како и да е, очекувам во наредниот период дека ќе почнат таму да се придвижуваат работите и во Комисијата за избори и именувања мнозинството да понуди решенија и да отпочне расправата која веројатно ќе трае долго, вели Гордана Дувњак во рубриката Има ли правда во Утрински брифинг.

-Даде резултат и притисокот на претседателката на Уставен. Притисокот таму е многу голем, од девет судии работат само пет и на раб на кворум се, вели Дувњак за ова.

-Уставен не ја одби иницијативата на Панчевски, ја отфрли. Тој реагираше по основ на Законот за заштита на човекови права и слободи, а Уставниот суд во своја надлежност покрива дел од овие права. Сега Уставен цени дека Основниот суд повторно треба да одлучува и да му овозможи на Панчевски да ги истакне да ги произнесе аргументите, вели Дувњак.

-Голем број од случаите во Уставен суд се отфрлени, а само мал ден прифатени. Потоа следната инстанца е Судот во Стразбур каде најчесто се добиваат случаите. Во блиска иднина мора да се постави прашањето за Уставниот суд, организираноста, поставеноста. Но такво нешто не може да се очекува скоро бидејќи за тоа е потребно и двотретинско мнозинство, вели за Утрински брифинг, новинарката и уредник на Фокус, Гордана Дувњак.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот