Напад со дронови на Дубаи - Извор Х

ВИДЕО | Дубаи повторно мета на дронови: Експлозии и густ чад во централниот дел од градот

Нови силни експлозии го потресоа Дубаи изутринава, а густ црн чад покри делови од финансискиот кварт на градот по пожарот во индустриска зона, соопштија локалните власти.

Пожарот избувнал во квартот Ал Куоз, а според Асошиејтед Прес, многу минувачи застанале да го гледаат огромниот столб од чад што се издига над градот. На новинар на АП не му било дозволено да се приближи до местото на пожарот.

Службата за медиуми на владата на Дубаи соопшти на социјалните мрежи дека инцидентот се случил откако фрагменти од пресретната ракета паднале врз зграда во центарот на градот.

„Фрагментите од дронот по успешното пресретнување предизвикале мал инцидент на фасадата на зграда во центарот на Дубаи“, соопштија властите.

Тие додадоа дека никој не е повреден во инцидентот, иако густиот чад од пожарот можел да се види од поголемиот дел од градот, па сè до луксузниот хотел Бурџ ал-Араб, пренесуваат медиумите.

Инаку, конфликтот меѓу САД и Иран започна на 28 февруари кога американските и израелските сили започнаа координирани воздушни напади врз цели низ Иран, вклучувајќи воени бази, системи за воздушна одбрана и политичкото раководство на земјата.

Иран одговори со лансирање стотици ракети и беспилотни летала врз Израел, американски воени бази и сојузници на САД во регионот, вклучувајќи ги и земјите од Персискиот Залив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот