ВИДЕО | Драма во болница на Камчатка: Земјотресот ги стресе среде операција на пациент
Рускиот регионален министер за здравство, Олег Мелников, објави видео на кое се гледаат лекарите во Центарот за рак на Камчатка како вршат операција кога се случил силниот земјотрес со магнитуда од 8,8 степени кој утрово го погоди брегот на рускиот полуостров Камчатка.
Препорачано
Мелников истакна дека, и покрај опасноста, лекарите ја задржале својата смиреност и останале покрај пациентот до крајот. Пациентот е во добра здравствена состојба, а операцијата била успешна, се вели во информациите.
„Им се восхитувам и им се заблагодарувам на нашите специјалисти за професионализмот и издржливоста што ја покажаа во стресна ситуација“, напиша Мелников на Телеграм.
😱 Момент землетрясения в больнице Петропавловска-Камчатского.
Сильное землетрясение застало врачей в Камчатском онкодиспансере во время операции. Несмотря на опасность, врачи сохранили спокойствие и до конца оставались рядом с пациентом. pic.twitter.com/o4OOcYYS8H
— миллиард казахстанцев (@S8gy2AEgVRHyS2Q) July 30, 2025
Силен земјотрес кој го погоди брегот на рускиот полуостров Камчатка рано утрово, предизвика цунами во Русија, додека брановите ги погодија и бреговите на Јапонија, Алјаска и Хаваи, а издадени се и вонредни предупредувања за граѓаните на речиси сите земји што излегуваат на Тихиот Океан.


