Фото: Los Angeles Lakers

ВИДЕО: Дончиќ не запира, го водеше Лејкерс до нова победа – изведе и спектакуларно забивање

Лос Анџелес Лејкерс запишаа нова победа во НБА лигата, откако на гостински терен со 121-111 славеа над Шарлот хорнетс, предводени од Лука Дончиќ.

Словенечкиот кошаркар повторно беше нерешлива енигма за противничката одбрана и натпреварот го заврши со 38 поени, 6 скокови и 7 асистенции, а особено впечатливо е што сите стартери на Лејкерс имаа двоцифрен учинок.

Остин Ривс запиша 24 поени и 7 асистенции, Руи Хачимура постигна 21 поен, Деандре Ејтон додаде 14, додека Маркус Смарт забележа 13 поени и  7 украдени топки.

Дончиќ погоди пет тројки, но моментот на вечерта дојде во третата четвртина кога, по еден продор изведе фантастично забивање. Иако ретко се одлучува за вакви потези, кога тоа го прави,  изгледа навистина импресивно. Интересно е што ова му беше само второ забивање сезонава.

Од останатите натпревари, се издвојува победата на Сан Антонио во Чикаго (121:117) каде Виктор Вембанјама доминираше со 38 поени, 12 скокови и 5 блокади, како и триумфот на Милвоки во Далас (116:114) предводен од Jанис Антетокумпо со 30 поени.

Резултати од НБА лигата:

Шарлот – ЛА Лејкерс 111:121

Детроит – Вашингтон 137:135

Орландо – Портланд 115:112

Мајами – Кливленд 140:138

Чикаго – Сан Антонио 117:121

Далас – Милвоки 114:116

Феникс – Њу Орлеанс 121:98

Јута – Минесота 113:120

ЛА Клиперс – Атланта 102:105

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот