Фото: Принтскрин од видео од полициската рација

ВИДЕО | Директор на затвор во Албанија одгледувал 4.000 стебла марихуана, го бараат со потерница

Билал Хаса е името на директорот на затворот во Рогожина, Албанија, кај кого локалната полиција открила 4.000 стебла марихуана, пренесува „Балканвеб“.

Рацијата е завршена, тој е во бегство, а по него е распишана потерница.

Генералниот директорат на албанските затвори информираше дека Хаса е суспендиран од должност, сè додека случајот не биде целосно расчистен од надлежните органи.

„Денеска финализирана е полициската операција со кодно име ‘Куртај’, за сузбивање на наркотични растенија. Во простории адаптирани за одгледување наркотични растенија сопственост на Билал Хаса, запленети се околу 4.000 стебла марихуана, потоа ламби, неонски светла и друга електрична опрема“, соопшти полицијата, која објави и видео од рацијата.

 

За кривично дело „Злоупотреба на службена положба“ се товари и Е. М., одговорен во Електродистрибуција за подрачјето на Пеќин, по кого исто така се трага.

„Акцијата, во која се откриени најголем број стебла марихуана годинава на едно место, продолжува и под раководство на Обвинителството на Елбасан“, соопшти полицијата.

Исто така, велат оттаму, интензивно се работи и на идентификување и изведување пред лицето на правдата и на други луѓе вклучени во случајот.

ВИДЕО: Албанската полиција уништи 16.755 стебла и заплени 320 килограми марихуана близу Скадар

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот