Ненад Димитријевиќ/Bayern Basketball

ВИДЕО | Димитријевиќ по дебито за Баерн: Со Пешиќ ќе бидам уште подобар

Ненад Димитријевиќ повторно се врати на евролигашката сцена и веднаш остави солиден впечаток во дресот на Баерн Минхен, одигрувајќи добар натпревар против Басконија.

Македонскиот плејмејкер дебитираше за баварскиот гигант помалку од 48 часа по официјализирањето на трансферот од Зенит.По мечот, Димитријевиќ не го криеше задоволството од прикажаното и од убедливата победа, која во голема мера беше дело на феноменалниот Енди Обст, стрелец на рекордни 37 поени.

„Минатата сезона играв тука како гостин, а чувството е сосема поинакво кога публиката е на твоја страна. Фокусиран сум на иднината и нормално дека сум пресреќен поради победата. Во второто полувреме одигравме поагресивно, ги контролиравме нивните офанзивни скокови, а кога во тимот имаш шутер како Обст, сè е полесно. Неговиот квалитет е добро познат и за мене, како плејмејкер, тоа значи повеќе асистенции. Сè уште сум кратко време тука, имав само еден тренинг и ќе морам брзо да се вклопам, но верувам дека можам уште подобро. Моја цел е да му помогнам на тимот и да донесам нова енергија, а многу ми значи довербата и слободата што ми ја дава тренерот Пешиќ“, истакна Димитријевиќ.

Димитријевиќ на паркетот помина повеќе од 17 минути во кои успеа да постигна осум поени и да додаде уште три скока и четири асистенции. На паркетот помина повеќе од 17 минути во кои успеа да постигна осум поени и да додаде уште три скока и четири асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот