ВИДЕО: Димевски силно верува дека Георгиевски ќе се закити со медал во Токио

Фото: facebook.com/Македонска-Tаеквондо-Федерација

Денеска по повод обезбедената олимписка „А“ норма на Дејан Георгиевски, македонскиот олимписки комитет организираше прес конференција.

Георгиевски во таеквондо ќе ја претставува нашата земја на Летните олимписки игри во Токио, тој е официјално вториот спортист од Македонија, после борачот Могамедгаџи Нуров.

Претседалот на МОК, Даниел Димевски силно верува дека Георгиевски може да освои медал на Игрите во Токио:

– Имаме работа со фантастична група на луѓе ентузијасти кои го заслужија ова од првиот момент до моментот кога судијата ќе досуди крај. Изразувам голема благодарност до федерацијата, до Дарко Костовски (тренер) кој лично мене ми овозможи да бидам и се чувствувам како дел од овој тим кој зрачи со ентузијазам и истиот го почувствувавме и тоа на крајот се преточи во еден фантастичен резултат.

Ние како Олимписки комитет препознавме квалитет и максимално тимски функционираме, никој од нас не се штеди да ги овозможиме сите најдобри услови кои се потребни за еден ваков резултат. Тоа ќе продолжи во иднина, дека максимално логистички експедицијата ќе биде поткрепена од опрема која можете да ја видите со нашиот ценет спонзор „4Ф“, до транспорт, до сите услови до врвен резултат, подготовки, во нас ќе имаат максимално логистички партнер кој ќе најде решение за сите ситуации.

Дејан е нашиот „мразокршач“, го крчи патот кој сите ќе бидат после него, за многу идни ѕвезди кои ќе следат. Ќе се потсетам и на моментите пред 10 години кога оптимистички најавував дека македонската кошаркарска репрезентација тогаш е подготвена за медал, мислам дека сега повторно истата изјава ќе ја дадам, и мислам дека оваа желба ќе ни се оствари на сите, иако минатиот пат за влакно ни избега медалот, овојпат мислам дека ќе го заслужиме да го добиеме – вели Димовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот