ВИДЕО | „Despacito“ со повеќе прегледи од вкупното население на светот: Луис Фонси и Деди Јенки уриваат рекорди со нивниот хит

Фото: Принтскрин / Instagram

Пејачите Луис Фонси и Деди Јенки ја објавија песната „Despacito“ во 2017 година и таа стана планетарен хит уште истата година. Сепак, популарноста на оваа песна се чини како да не поминува.

Најгледаното видео на сите времиња „Despacito“ продолжува да бележи нови успеси во историјата на „YouTube“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daddy Yankee (@daddyyankee)

Имено, песната за четири години собра повеќе од седум милијарди и петстотини милиони прегледи, а вкупното население на светот се проценува на седум милијарди и деветстотини милиони луѓе.

 

„Despacito“ на шпански јазик значи „полека“, но се чини дека Фонси и Јенки брзо остварија огромна заработка и популарност благодарение на најголемиот хит во нивната кариера.


Песната на шпански јазик на 24 февруари стана првото видео на оваа платформа со шест милијарди прегледи. „Despacito“ доби 25,7 милиони прегледи за еден ден, иако тој број оттогаш се врати во просек на 2,8 милиони прегледи на ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот