ОАКА Арена/EPA/GEORGIA PANAGOPOULOU

ВИДЕО | Денеска во „Зелената арена“ почнува борбата за трофејот во Евролигата

Грција и атинската „О.А.К.А.“ арена, која денес го носи името „Телеком центар“, деновиве е центар на европската кошарка. И покрај тоа што домаќинот Панатинаикос не успеа да се пласира на завршниот турнир во најсилното клупско натпреварување во Европа, интересот во грчката престолнина воопшто не опаѓа.

Во Атина владее вистинска еуфорија и се бара билет повеќе, а најбројни на трибините се навивачите на Олимпијакос од Пиреја и турскиот Фенербахче. Значително помал е бројот на фанови на шпанските претставници Реал Мадрид и Валенсија.

Арената, која се наоѓа во рамки на поранешниот олимписки комплекс, е накитена и подготвена за големиот кошаркарски настан. Големата сала во Атина има капацитет од околу 18.500 гледачи за кошаркарски натпревари.

Борбата за трофејот почнува денеска со првиот натпревар токму помеѓу Олимпијакос и Фенербахче од 17:00 часот, додека во вечерниот термин од 20:00 часот ќе гледаме шпанска пресметка помеѓу Валенсија и Реал Мадрид.

Во Атина е прогласена вонредна состојба поради фајнал-фор турнирот од Евролигата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот