ВИДЕО | Де Роси ги одмори најдобрите, Рома сигурна против Фросиноне

Фото: EPA-EFE/FEDERICO PROIETTI

Eкипата на Рома славеше убедливо во рамките од 25. коло во Серија А на гости кај Фросионе (0:3).

Рома денес и немаше толку лесна задача, иако можеби резултатот покажуван ешто друго. Едноставно фудбалерите на римскиот клуб беа максимално скоцентрирани пред голот и ги користеа своите шанси, додека на голот го имаа одличниот Миле Свилар.

Српскиот голман ја доби довербата од Даниеле Де Роси и по вторпат застана помеѓу стативите. Денеска имаше неколку одлични интервенции и изгледа дека може да ја задржи позицијата прв голман пред Руи Патрисио.

Резултатот беше отворен во 38. Минута кога Дин Хојсен постигна прекрасен соло-гол. Во продолжение во листата на стрелци се запишаа уште Азмун и Ленардо Паредес од белата точка.

Во четврток Рома ја очекува реваншот против Фејенорд, претходниот натпревар заврши 1:1. Поради тоа денеска Де Роси им даде одмор на Паоло Дибала и Ромелу Лукаку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот