Дали знаете на кои македонските производи се гордеевме? фото: Твитер

ВИДЕО: Дали знаете на кои македонски производи некогаш се гордеевме?

Македонија уште од 60‑тите години на минатиот век, па до осамостојувањето, создаде многу брендови што го освоија тогашниот југословенски пазар.

На трпезата, пак, „скопско“ пиво, виното „т’га за југ“ на винаријата „Тиквеш“, но и „газоза“, „ти-ка“, а вредните домаќинки правеа кифлички и торти со маргаринот „кристал“.

Бонбониерите на „Европа“ се чуваа „за гости“, иако децата кришум поткраднуваа по некое чоколатце во надеж дека нема да бидат забележани. Прелив за садовите во кујната, на крајот, беше познатиот „сјај“. И „билјана“ и „сјај“ беа мејд ин „ОХИС“.

Логоа, пакувања, мириси, вкусови… што денес будат сеќавања. На едно поинакво време, на дом, на маалско дружење, на заедништво…

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот