ВИДЕО | „Да донирам за Турција? Дали вие боледувате колективно!“: Бака Прасе шокираше со неговата изјава

Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе / Фото: Инстаграм/Бака Прасе

Српскиот јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, разочара голем дел од неговите следбеници откако во живо изјави дека нема да донира парична помош или каква било помош на жртвите од земјотресот во Турција и Сирија.

Јутуберот смета дека сите луѓе кои донирале за овие земји кои се погодени од разорен земјотрес се „колективно болни“.

„Не е дека јас не сакам да донирам само затоа што: ‘Јас немам никаква љубов кон Турција’. Зошто би имал каква било љубов кон Турција? Немам. Имам многу поголема љубов кон земјите од Балканот, каде луѓето зборуваат наш јазик – многу поголема љубов. Јас немам никаква љубов кон Турција и немам ни 2% причина да ми бидат драги.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bogdan Ilic (@bakaprase)

Што се однесува до донациите, јас овде не можам да постигнам да им помогнам на сите луѓе во Србија, а вие ми зборувате да донирам за Турција.  Дали вие боледувате колективно?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bogdan Ilic (@bakaprase)

Сочувство. Жал ми е, секако. Ниту славам, ниту се смеам на туѓа несреќа. Но, да ѝ донирам на Турција? Бидејќи нив им е тешко поради земјотресот? Тоа не е причина за да им донирам. Повторно, би претпочитал да донирам некому тука, во Србија. И не се срамам поради тоа“, изјавил Бака Прасе.

Српскиот јутјубер, заедно со неговата девојка Ања Благојевиќ, неодамна се пресели во нов луксузен стан во Белград, за кој вели дека платил неверојатни 1.000.000 евра.

Повеќе вести за контроверзниот јутјубер:

Бака Прасе се пофали со новиот стан од 1.000.000 евра: Погледнете како изгледа

Запален ресторанот на Бака Прасе: Јутјуберот тврди дека некој фрлил молотов коктел

„Се смиривме“: Бака Прасе и Ања Бла ја обновија врската, јутјуберот ѝ подари прстен од 6.900 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот