ВИДЕО | Д-р Митов: Aко до сега не сте биле на дерматолог да ги прегледа бенките, овој месец отидете

Ракот на кожа, иако е најчест, свесноста не е на ниво на која што треба да биде. Нешто што толку лесно може да се види, па и лаик ќе познае, штета е да умираат луѓе и смртноста да биде толку висока, изјави во Утрински брифинг Д-р Александар Митов.

Ракот на кожата, меланомот до пред десетина се сметаше за една од најтешките медицински дијагнози. Човек кога ќе го види, до пред некоја година значеше дека онколозите немаат што да му направат и имаше лимитирани иопции. За среќа се случи пробив во последните 5 до 10 години и тоа на две нивоа – таргетирана терапија и имуно трерапијата која што е иднината на онкологијата.

Кај таргетираната терапија прецизно се следи некоја мутација на ген и ако се најде дека е присутен тој одреден ген, може да се даде теарпија која што дрматично го продолжува животот во одонос на тоа што порано сме го сметале дека воопшто е можно кај меланом.

Втората линија на терапија е имунотерапијата и тука се направи чудо. Прв пат во онкологијата може да го употребиме зборот лек. Со појавата на имунотерапијата особено кај меланомот, има примери на целосно излекувани луѓе. На Џими Картер на деведесет и нешто години му дијагностицираа метастазиран меланом со метастази на мозок и црн дроб и еве го се уште е жив и има целосно повелкување на метастазизите.

„За меланоимот главната причина е токму неправилното изложување на сонцето. Дoјде ли до момент да изгоре лккожата и да мачкаме кисело млеко, тоа значи дека сме претерале многу и тоа е јасен знак дека на тие зони кај што имало горење на кожата, во следните неколку години треба да внимаваме многу бидејќи таму е зголемена веројатноста да се појави некаков проблем“, вели Митов.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот