ВИДЕО: Црна вода со лош мирис тече од чешмите во Градско, алармира Левица
Црна вода од чешмите во Градско – до кога? – прашуваат од опозициската партија Левица, од каде велат дека ова е проблем веќе подолг период.
Препорачано
„Жителите на општина Градско веќе подолг период се соочуваат со сериозен и опасен проблем – од чешмите наместо чиста, питка вода, тече валкана, црна вода со непријатен мирис и сомнителна содржина. Ова не е само естетски или комунален проблем, туку директна закана по здравјето на сите граѓани, особено на децата и повозрасните. Наместо основно човеково право – пристап до чиста вода за пиење – граѓаните добиваат понижување, ризик од инфекции и трошоци за купување флаширана вода“, велат од партијата, која објави и снимка од водата.
„До кога ќе се труеме со оваа нечиста вода? Кој ќе понесе одговорност? Дали треба да дојде до епидемија за конечно да се преземат мерки? Бараме итна реакција од Општината и Јавното комунално претпријатие. Не бараме чуда – бараме само чиста вода“, велат од Левица.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
11мин
-
31мин
-
38мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


