ВИДЕО | Чудо се случи во Британија: „Земјата се отвори“ и проголта речен канал
Во британскиот округ Шропшир, денеска е прогласена вонредна состојба бидејќи синоќа земјата „се отворила“ (дупка) и проголтала дел од речниот канал со целата вода, од која нема трага.
Препорачано
На сликите и видеата објавени од Би-Би-Си, може да се видат неколку мали чамци кои или паднале во дупката или останале на суво.
Никој не е повреден, бидејќи луѓето што живеат на бродовите велат дека се слушнале „необични звуци“ пред „земјата да се отвори“.
„Звуците станале толку гласни што луѓето знаеле дека мора да ги напуштат своите пловила“, изјавил еден сведок за Би-Би-Си.
Друг сведок на настанот рекол дека „околу 4:20 часот утрово, почувствувала дека нешто не е во ред – се чинеше како да има струја вода веднаш под бродот, можеше да се чуе и кркорење, звучеше навистина необично“.
Водата се излевала од каналот во околните полиња, а делот од каналот што „отишол под земја“ бил изолиран од остатокот од протокот на каналот од двете страни со затворање на бравите за чамци на браните.
A 50m sinkhole has opened beneath the Whitchurch canal in Shropshire, swallowing narrowboats and forcing more than 10 people to be rescued.
A major incident is declared as crews battle unstable ground and rushing water. #Whitchurch #Shropshire pic.twitter.com/02PIZzlen2
— BPI News (@BPINewsOrg) December 22, 2025


