ВИДЕО | „Чудесна куќа“: Лавата уништи многу куќи, но една неверојатно издржа

„Чудесната куќа“ која остана недопрена од лавата од вулканот на Ла Палма/ Фото Screenshot Twitter

Вулканска ерупција на Ла Палма уништи стотици куќи, но една успеа некако да остане недопрена, пренесува Сан. 

Целосно обиколена со лава по ерупцијата на вулканот на Ла Палма, една куќа остана непроменета. Корисниците на социјалните мрежи оваа случка ја нарекоа „чудесна“.  

Сопственици на објектот, пензиониран брачен пар од Данска, кои не биле на островот, се воодушевени што нивната куќа е се уште недопрена.  

„Почнаа да плачат кога им реков дека нивната сакана куќа е недопрена“, вели Ада Моникендам, архитектката на куќата.  

Чудотворната куќа се наоѓа во Ел Параис, каде што биле уништени повеќе од половина од зградите, вклучувајќи го и локалното училиште.  

Двојката ја избрала Ла Палма затоа што им се допаднал вулканскиот пејзаж, рече Моникендам, додавајќи дека „и е жал што куќата сега е напуштена и дека нема никој што може да се грижи за неа“.  

Вчера, лавата значително го забрза својот тек, што предизвика стравувања дека може да се прошири понатаму на островот и да уништи повеќе куќи. 

ВИДЕО: Ерупција на вулканот на Канарските Острови, евакуирани 5 илјади луѓе

ВИДЕО: Ерупција на вулканот на Канарските Острови, евакуирани 5 илјади луѓе

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот