ВИДЕО: Човек облечен во бела мантија ноќе ги плаши кавадарчани

Фото: Макфакс

Неколку ноќи по ред, човек облечен во бела мантија излегува надвор и ги плаши кавадарчани на влезот од патеката кај споменикот „12-те деца“, пишува „Макфакс“.

Непознатиот „дух“, како што сведочат очевидци, ги плаши минувачите, „често игра и се врти, а на моменти фрла и камења кон присутните“.

Граѓанин го снимил човекот во бела мантија, а видеото е објавено на социјалните мрежи.

И покрај тоа што граѓаните се вознемирени, досега сè уште не го пријавил чудакот во полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот