ВИДЕО: „Четири од четири“ за Бостон и прво место на Истокот во НБА лигата

фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Бостон ја продолжува успешната серија на резултати во најсилната кошаркарска лига на светот (НБА), дојде и до деветтата победа (четврта по ред) остварена во дербито против Филаделфија (117:107).

Селтикси беа предводени од Тејтум со 29 поени (осум скокови, шест асистенции), следен од Вајт со 25 поени (пет асистенции).

За Сиксерси прв стрелец беше Ембид со 20 поени, девет скокови и седум асистенции. Во Источната конференција Бостон е првопласиран (9-2), пред второпласираната Филаделфија (8-3).

Сакраменто славеше против Лос Анџелес лејкерс со 125:110 најмногу благодарение на одличната партија на Сабонис кој имаше 29 поени, 16 скокови и седум асистенции.

За „езерџиите“ Џејмс се истакна со „трипл-дабл“ учинок од 28 поени, 10 скокови и 12 асистенции, додека Расел додаде 28 поени, и по пет скокови и асистенции.

За Кингси ова е четврти триумф во низа (6-4) и моментно шесто место на Западот, додека Лејкерси се на осмата позиција (6-6).

НБА лига, резултати

Вашингтон – Далас 117:130
Атланта – Њујорк 114:116
Филаделфија – Бостон 107:117
Торонто – Милвоки 112:128
Чикаго – Орландо 94:96
Феникс – Минесота 133:115
Л.А. Лејкерс – Сакраменто 110:125
Портланд – Кливленд 95:109

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот