ВИДЕО: Бугарски вмровци протестираа во Софија, се плашат дека Петков ќе го крене ветото

Фото: Јутјуб/принтскрин

Бугарски националисти вечерва излегоа на антивладин протест во центарот на Софија, барајќи оставка од премиерот Кирил Петков, јавија локалните медиуми.

Протестот е за „одбрана на националниот интерес на Бугарија во Република Северна Македонија и беше најавен како митинг-концерт организиран од партијата ВМРО.

– Ова е предупредување за протест. Имаме информации дека на 24 овој месец владата на Кирил Петков се подготвува да го укине ветото за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Доколку тоа се случи, ќе ја блокираме цела држава – рече Александар Сиди од ВМРО.

Тој категорично го осуди „јазикот на омраза“ кон Бугарија „кај нашиот западен сосед“. Според почесниот претседател на ВМРО, Красимир Каракачанов, Петков се надева дека со гласовите на ПП, ДБ и МРФ ќе падне ветото врз Скопје.

– Петков можеби е најнеуспешниот и најсмешниот премиер на Бугарија, но тој е оној кој најдобро ја користи ситуацијата. Се однесува како услужен персонал, а не како премиер на суверена држава – додаде Каракачанов.

Според демонстрантите, владата на Кирил Петков не успеала да управува со земјата и во последните месеци повеќе време потрошила на војната во Украина отколку на домашните проблеми во Бугарија. Од партијата на Костадин Костадинов, Преродба (В’зраждане) изразија став дека Петков треба да поднесе оставка, да се одржат нови избори и потоа да почне со заживување, согласно националните интереси на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот