ВИДЕО | Бубо Каров: Не знаев дека ме плукале додека бев советник во Владата

Фото: Промо

Комичарот Љупчо Бубо Каров искрено го искоментира периодот кога беше надворешен советник во Владата на поранешниот министер без ресор, Роберт Поповски.

Во емисијата „Еден на Еден“ која се емитуваше сношти на ТВ „Канал 5“, водителот и уредник на емисијата Жаре го праша Бубо, дали негативните коментари по тој негов ангажман можат да го избришат сето она што го работел претходно.

– Мене до толку не ме интересира тоа. Дури сега видов дека ме плукале, сега дознав. Јас не користам социјални мрежи и не знаев. Почувствував во односот по реакциите на луѓето додека возев велосипед, а јас инаку ретко возам велосипед. Тогаш бев активно вклучен во кампањата за НАТО. Луѓето тогаш веднаш те обојуваат со една партија. Никогаш не сум бил ниту во една, ниту во друга партија. Јас сега почнав да сфаќам колку ми штетеле тие година ипол. Во таа работа влегов многу чесно, искрено и амбициозно – изјави, меѓу другото, Бубо Каров.

Тој раскажа и многу приказни од К-15 и од својот личен живот, а целата епизода на „Еден на Еден“ од првиот дел од интервјуто со Бубо е достапна на јутјуб каналот на емисијата, и може да се гледа на овој линк:

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот