ВИДЕО | Бритни Спирс непријатно ги изненади обожавателите: Девојко, мораш да побараш помош!

Бритни Спирс/Instagram
Бритни Спирс/Instagram

Бритни Спирс со новото видео во кое танцува, ги запрепасти своите обожаватели кои не престанаа да се запрашуваат што се случува со неа.

Поранешната поп ѕвезда, откако ја доби битката на суд околу заточеништвото во кое беше под контрола на татко и, постојано споделува содржина на интернет од себеси, од стари фотографии, видеа во кои танцува или прави нешто. Но, последната објава беше навистина бизарна.

Таа на видеото што го сподели на својот инстаграм-профил, танцува во оскудни црвени гаќички и сличен горен дел со размачкана шминка околу очите и едноставно не делува добро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Во објавата таа напиша:

„Забележувате ли нешто поинакво? Ја свртев камерата, па сега вратата е позади мене. Вака е мноооогу подобро. Две години танцував во погрешна насока“ – напиша Бритни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Коментарите на видеото се полни со загриженост кон пејачката.

„Бритни, престани. Кул си, не мораш ова да го правиш“

„Никој не е загрижен?“

„Мислев дека со новата слобода ќе престанеш да објавуваш вакви чудни видеа“

„Ме збунува ова, многу. Дали е ова некаква шега?“

„Знаете дека ова не е вистинската Бритни, така?“

„Девојко, мораш да побараш помош“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот