Фото: Твитер

ВИДЕО: Брашно со црви последните оброци во Газа, Израел против хуманитарна помош за појасот

Екстремно десничарскиот министер за национална безбедност на Израел, Итамар Бен-Гвир, се изјасни против поголема испорака на помош за цивилното население во Појасот Газа, и покрај катастрофалната хуманитарна ситуација, објавија западните медиуми.

„Се додека имаме заложници во Појасот Газа, не смееме да правиме никакви отстапки, дури ни на цивилното население“, изјави тој

И додека Бен-Гвир е против хуманитарна помош за Газа децата во појасот гладуваат. На социјалните мрежи се споделуваат видеа на која се прикажува дека на цивилите во Газа им преостанува да се хранат со едвај стотина грама брашно со црви.

Бен-Гвир беше единствениот во Кабинетот што гласаше против понатамошната помош што ја бараа Соединетите држави. Обединетите нации и хуманитарните организации предупредуваат на акутен глад во зафатениот крајбрежен појас.

Во октомври, американската влада му даде на Израел рок од 30 дена да го подобри обезбедувањето помош за цивилното население во Газа, заканувајќи се дека ќе ја блокира американската воена помош доколку не го стори тоа. Кога крајниот рок истече на почетокот на неделата, САД рекоа дека иако Израел презел некои чекори за да обезбеди поголема помош, потребно е повеќе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот