ВИДЕО | Браќата Тавитјан промовираат нова песна и спот со култните екс Ју рок легенди
Браќата Тавитјан промовираат нова песна и спот на која соработуваат со легендите на југолсовенската рокенрол сцена.
Препорачано
Песната „Поље чудеса“ ја продуцирал Диран Тавитјан, а како гости соработници се појавуваат Срѓан Гојковиќ-Гиле од „Електрични оргазам“, Дарко Рундек од „Хаустор“, Давор Гобац од „Психомодо поп“ Јулие Рељич – Реља од „Хаустор“, Даворин Боговиќ од „Прљаво казалиште“ и Бодан Арсовски од „Леб и сол“.
Проектот го носи името „Култ Клуб“, а песната ја потпишуваат, Јулие Рељич, задолжен за музиката и аранжманот, Срџан Сачер заедно со Реља се текстописци, а продукцијата е на Диран Тавитјан. Давор Гобац е главен вокал во песната, Срѓан Гојковиќ-Гиле пее придружни вокали и свири гитара, Крешимир Ковачиќ свири ритам гитара, Бодан Арсовски е на бас, а Гаро Тавитјан Јуниор на тапани.
– До оваа соработка дојде така што Јулие Рељич ме покани да му гостувам на негови композиции како тапанар. Кога ја добив првата песната и кога почнавме да ја снимаме (во Тавитјан Брадерс Студио) со Диран Тавитјан, ја аранжиравме за да добие дефиниција и сите инструменти и вокалисти беа третирани со едитинг со што се доби една нова слика и на истата веднаш направивме и еден нов аранжман како ремикс кој е во фанк и модерен стил. Таа верзија ке биде на албумот. Бидејки оваа приказна почна спонтано во 2023-та пролета Јулие побара од нас да му ги снимаме и аранжираме сите останати песни од овој албум каде се појавуваме и како автори на некои освен како продуценти и изведувачи.
Гости на песната се Гиле од „Електрични Оргазам“, Дарко Рундек од „Хаустор“, Даворин Боговиќ од „Прљаво Казалиште“, Гобац од „Психомодо Поп“, Бодан Арсовски од „Леб и Сол“ а брас секциите ги свират членовите од групата „Хаустор“ и Крешимир Ковачевич и Срџан Сахер како текстописец со Јулие. Јулие е познат како клавјатурист, автор и ко-аранжер на групата „Хаустор“ уште од самите почетоци во 80-тите. Тој овој проект го нарече „Култ Клуб“. Видеото го обработи Анита Надај. Издавачката куќа „Кроација рекордс“ стои позади ова издавање како и „CMC TV“ и „Jugoton TV“. Премиерата беше успешна. Овој проект има уште синглови и ке бидат додатно објавени во иднина. Овој спој на различни генерации од Рок сцената беше голем предизвик- вели Гаро за оваа соработка.
– Предизвик ни беше да се најдеме поканети во ваков проект кој заеднички го работевме и развивме од 2023-та на пролет на иницијатива на прекрасниот Јулие Рељиќ (кој е идеен творец и лидер на оваа група со која реализиравме цел авторски проект каде се наоѓаме како аранжери, ко-автори и продуценти) – велат браќата Тавитјан.


