Фото: EPA/ADAM VAUGHAN

ВИДЕО | Божиќно чудо на Енфилд: Вирц конечно до дебитантски гол за Ливерпул

Фудбалерите на Арсенал денеска го совладаа Брајтон со 2:1 на домашен терен во Лондон во 18 коло од Премиер лигата.

Арсенал поведе со голот на Мартин Одегард во 14 минута, а напаѓачот на Брајтон, Јоргињо Руитер, го зголеми водството со автогол во 52 минута. Играчот од средниот ред на Брајтон, Диего Гомес, го постигна последниот гол во 64 минута.

Арсенал е прв на табелата со 42 бода, два повеќе од второпласираниот Манчестер сити, додека Брајтон е на 12 место со 24 бода. Двата клуба ќе играат во Лондон во следното коло, Арсенал како домаќин против Астон Вила, а Брајтон на гостински терен против Вест хем.

Ливерпул го победи Вулверхемптон со 2:1 на домашен терен. Ливерпул поведе со голот на Рајан Гравенберх во 41 минута, а Флоријан Вирц го зголеми водството една минута подоцна. На германскиот репрезентативец Флоријан Вирц му беа потребни 26 и пол часа во сите натпреварувања, или 19 само во Премиер лигата, за да го постигне првиот гол.

Конечниот резултат го постави дефанзивецот на Вулверхемптон, Сантијаго Буено, со погодок во 51 минута.

Ливерпул е четврти на табелата со 32 бода, додека Вулверхемптон го зазема последното, 20 место со два бода. Тимот на Арне Слот ќе биде домаќин на Лидс во следното коло, додека Вулверхемптон ќе игра на гости против Манчестер јунајтед.

Во другите мечеви: Брентфорд – Борнмут 4:1, Барнли – Евертон 0:0, Вест хем – Фулам 0:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот