ВИДЕО | Боно на Сараевскиот филмски фестивал: Имам босански пасош и тоа ми е најголема чест

Фото: Фејсбук/Сараевски филмски фестивал

Во петокот свечено беше отворено 29. издание на Сараевскиот филмски фестивал, а членовите на ирската рок-група „Ју-ту“ Боно Вокс и Д Еџ беа големото изненадување на вечерта.

Фестивалот беше отворен со документарецот „Poljubite budućnost“, во режија на Ненад Чичин-Шаин, кој е инспириран од „Ју-ту“ и нивната значајна улога за воено и повоено Сараево и неговите жители.

Во септември 1997 година, „Ју-ту“ одржа голем концерт на стадионот „Кошево“ во Сараево. Овој настан го означи почетокот на враќањето на нормалниот живот по војната во Босна и Херцеговина.

„Имам босански пасош и тоа ми е најголема чест. Ние дојдовме овде како туристи, ова е прекрасна земја и луѓе, прекрасен град, ние сме тука туристи и имаме многу пријатели. Ова не е наш филм. Ние сме тука како љубители на филмот. Мислам дека нашиот удел во филмот е преголем во споредба со нашите улоги што ги имавме тогаш. Мислам дека нашата улога е мала во сето ова во споредба со сите оние што ги славиме овде, а кои се херои. Тоа што го направивме е мала работа, но од друга страна, за нас е огромно“, изјави Боно за Радиотелевизија Босна и Херцеговина.

Врската на Боно со Сараево и Сараевскиот филмски фестивал трае веќе неколку децении. По посетата на Фестивалот во 2000 и 2021 година, тој често доаѓа во Сараево како поддршка на фестивалот.

Годинашниот Сараевски филмски фестивал ќе трае до 18 август, а во трка за почесната награда „Срце на Сараево“ се 49 филмови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот