ВИДЕО: „Бомба“ или само петарда: Откриена вонбрачната ќерка на Путин, тинејџерка е и милионерка!?

Руски новинари истражувале и дошле до сознаниа дека рускиот претседател Владимир Путин можеби е татко на вонбрачна 17-годишна ќерка, мистериозна милионерка од Санкт Петербург,

Елисавета Владимировна Кривоногих има “неверојатна“ сличност со претседателот, објави рускиот истражувачки портал „Проект“ повикувајќи се на фотографиите до кои дошле.

Мајката на тинејџерката, Светлана Кривоногих е сопственичка на компанија која поседува мал удел во банка Русија, која пак е санкционирана од Западот после анексијата на Крим во 2014 година поради врски со руската политичка елита. Вкупната вредност на познатиот приватен и деловен имот на Кривоногих во Москва, Санкт Петербург и во монденското одморалиште Сочи е процента на 7,7 милијарди рубљи (околу 102 милиони долари).

„Проект“ тврди дека добил копии од документите на Елисавета, веројатно извод од матична книга на родените, и дека во нив не е идентификуван нејзиниот татко. Нејзиниот патроним, односно средното име наследено од името на таткото или машки предок, гласи Владимировна.

Фотографиите на наводните татко и ќерка биле анализирани од софтвер за препознавање на лица кој наводно покажал сличност меѓу Путин и Елисавета од 70,44 отсто. Поклопувањето од 75 отсто значи дека на фотографиите се личности со блиски карактеристики.

– Можеме да извлечеме заклучок дека постои врска меѓу нив, вели експерот Хасан Угаљ кој извршил анализа на лицата.

„Проект“ нагласува дека нема да ги објави фотографиите од Елисавета, која е родена 2003 година и која наводно последните неколку години живеела под друго презиме. Тинејџерката наводно ги избришала фотографиите објавени на социјалните мрежи, на кои и се гледа лицето, откако новинарите стапиле во контакт со нејзината мајка.

Светлана Кривоногих ветила дека повторно ќе им се јави на новинарите, но тоа не го направила и оттогаш не одговара на повиците.

Односот на Путин со Светлана потекнува уште од крајот на 20-тите години кога тој бил на чело на безбедносната служба ФСБ, тврдат извори кои го познаваат. Работела како чистачка пред, токму тие години да се пресели во најелитното предградие во Санкт Петербург. Наводно, нивната врска завршила „некаде пред крајот на минатата деценија“.

Путин, инаку познат по тоа што го крие своето семејство, не одговри на овие наводи, а портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков го негираше познанството со Светлана и нејзината ќерка.

– Првпат слушам за таа жена и не можам да ви кажам ништо за тоа, додаде Песков.

Од она што е познато од официјалната биографија е дека Путин бил оженет со Људмила Александровна Очеретнаја од 1983 година па се до разводот во 2013 година. Тие имале две ќерки Катерина Тихонова и Марија Воронтцова. Сепак, Путин никогаш не призна јавно дека тие жени се негови ќерки. Сега се верува дека е во врска со некогашната гимнастичарка Алина Кабаева.

Од чистачка до милионерка

Она што го дознале новинарите од „Проект“ е дека Светлана е родена во Санкт Петербург во 1975 година и пораснала во населба поврзана со организиран криминал. Во текот на 90-тите години работела како чистачка во продавница додека студирала на Универзитетот за економија и финансии. Дипломата ја добила во 2000 година и тогаш нејзиниот живот драстично се променил. Набрзо се иселила од станот на својата мајка, а нивниот нов дом бил на островот Камени во Санкт Петербург каде становите главно не се на продажба и во нив живеат луѓе блиски до Путин. Три години подоцна е родена Елисавета.

Во тоа време Светлана наводно станала сопственичка на вредни акции, а во јавните евиденции не е назначен никаков донатор. Меѓутоа, најголем дел од акциите се ониее во банката Русија, која има врска со Путин и неговите пријатели.

Два извори тврдат дека токму Путин бил мистериозниот добродетел која на Светлана и помогнал да стекне богатство, иако не е јасно како тие двајцата се запознале и поради што ги прекинале односите.

Светлана и натаму живее на истата адреса на ексклузиниот остров, а покрај тоа поседува и имот во Сочи и Москва. Се смета дека таа е сопственик на мнозинскиот удел на скијалиштето „Игора“ оддалечено околу 70 километри од Санкт Петербург. Тоа одморалиште и Путин често сака да го посетува, а во него и неговата наводно ќерка Катерина имала венчавка во 2013 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот