ВИДЕО: Бод за Адеми, Милан го освои Глазгов, успешен и Тотенхем!

Фото: EPA-EFE/Mark Runnacles/POOL

Нови мечеви од првото коло од сезоната во Лига Европа, во дербито одиграно во Глазгов екипата на Милан триумфираше со 1:3 против Селтик.

Првите два гола за „росонерите“ беа реализирани од страна на Круниќ и Диаз во првото полувреме, а во вториот дел Шкотите единствено успеаја да го ублажат поразот преку Елјунуси во 76 минута од средбата.

Калчолигашот од „Сан Сиро“ ги потврди трите бода во самиот финиш од средбата благодарение на норвешкиот интернационалец Хауге.

Динамо Загреб на својот „Максимир“ ремизираше без голови против Феенорд (0:0). За хрватскиот клуб целиот меч го одигра македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

Холанѓаните имаа убава можност да ги освојат трите бода, но во осмата минута пенал не реализираше Бергхуис. Воедно и беа со играч помалку од 73 минута поради вториот жолт картон на Сенеси, но ваквиот момент не го искористија „модрите“, па на крајот беа поделени бодовите.

Тотенхем ја оправда фаворитската улога во Лондон, без поголеми проблеми со 3:0 го совлада австрискиот ЛАСК. Во 18 минута гол серијата ја стартуваше Лукас, потоа автогол си постигна Андраде, а во листата на стрелците се запиша и Хјунг-мин (84`).

Црвена звезда загуби во Германија од Хофенхајм (2:0), германскиот претставник славеше со погодоците на Баумгартнер во 64 минута и Дабур во судиското надополнување (90+3`).

Лига Европа, 1. коло, резултати –

Брага-АЕК 3:0
Селтик-Милан 1:3
Динамо Загреб-Феенорд 0:0
Хофенхајм-Црвена звезда 2:0
Лестер-Зорја 3:0
Либерец-Гент 1:0
Лудогорец-Антверпен 1:2
Макаби Тел Авив-Карабах 1:0
Спарта Прага-Лил 1:4
Тотенхем-ЛАСК 3:0
Виљареал-Сиваспор 5:3
Волфсбергер-ЦСКА Москва 1:1

Наполи поразен на стартот од ЛЕ, пресврт на Рома (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот